Home ШОУ БИЗз Extra Exclusive Забрана за Пријовиќ, нема концерт вели градоначалникот

Забрана за Пријовиќ, нема концерт вели градоначалникот

реклама:

Откако одржа 5 последователно концерти во Загреб и Осјек, српската пејачка Александра Пријовиќ доби забрана за пеење во Задар. Тамошниот градоначалник Бранко Дукиќ, пишува „Индекс“, ги одбил организаторите со образложение дека салата во која што сакаат да биде концертот е букирана иако на официјалниот сајт стојат само три термини од март до мај.

Ова не е прв случај пејачите од Србија да бидат забранувани во Хрватска, истото тоа го доживеа и Саша Ковачевиќ, Ана Бекута, Аца Ликас и многу други.

Иако граѓаните во анкетите се за одржување на концертот сепак останува да видиме дали сепак нешто ќе го предомисли градоначалникот.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------