Home INFO Задолжителна за празниците кои следат: Рецепт за пилешка салата

Задолжителна за празниците кои следат: Рецепт за пилешка салата

реклама:

Една од салатите која е препознатлива за Новата Година и празниците и се подготвува е пилешката салата.

Вкусна салата која брзо се подготвува …

Потребно е:

1 пиле, сварено и исчистено од кожа и коски или 4 парчиња пилешки гради
3 големи компири, сварени и исечкани на коцкички
3 големи моркови, сварени и исечкани на коцкички
6 големи кисели краставички, исечкани на коцкички
2 сварени јајца, исечкани на коцки
250 мл кисела павлака
1 тегла мајонез
1 лажица сенф
сол, бибер

Подготовка:

– Пилешкото месо откако ќе се свари и олади, раздвојувајте го на поситни парчиња со раце.

– Во длабок сад ставете го месото и останатите состојки. Ставете мајонез и сенф, зачинете и измешајте.

– Оваа салата се јаде ладна и најубаво е отстои во фрижидер неколку часа пред да ја послужите.

Забелешка: Ако сакате да ја збогатите салатата може да ставите и сварени ситни макарони или тарана. Така пилешката салата ќе добие во густина и секако, ќе биде многу вкусна.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------