Home INFO Започна сезоната на слави: Еве како да останете во фит форма!

Започна сезоната на слави: Еве како да останете во фит форма!

реклама:Велигден со Стаф

Месеците кои се пред нас сигурно се, заедно со новогодишните празници, период од годината кога се внесуваат најмногу калории.

Затоа што ни се приближува новогодишната ноќ не би смеело да си дозволиме во текот на ноември и декември да нафрлиме килограми и така да влеземе во замката на славската трпеза.

Проблемот не е само храната, туку и алкохолните пијалоци, а тие со себе носат и поголема калориска вредност и како такви се непосакувани, иако една чаша вино нема да направи проблем.

Тоа што до некаде смеете да го јадете е месо без многу маснотии, но во ограничени количини, затоа што овде кај нас традиционално се послужува јагнешко и свинско кои не се баш на врвот на листата на меса кои се препорачуваат.

Свежите салати можете да ги јадете во неограничени количини, супата исто така е ОК, и тука листата на дозволени намирници завршува. Сармите, предјадењето, колачите и тортите се на листата недозволени славски јадења и не би требало да ги конзумирате.

Што се однесува до вежбањето, во овој период особено е важно да не се прескокнуваат тренинзите. Секој пропуштен тренинг значи околу 1.000 калории помалку кои смеете да ги внесете, а затоа што тоа во сезоната на слави е скоро невозможно, тогаш се препорачува да вметнете уште еден термин неделно за влијанието на славската трпеза да го анулирате.

Па зошто во ноември и декември да не продолжите со добрите резултати, зацврстување и разубавување на вашето тело.

Овој ноември задолжително во вашиот план за тренинг вметнете и кардио вежби, предност треба да му дадете на степерот затоа што тој физички најмногу бара, па со самото тоа со неговата употреба трошите повеќе калории што сега е особено важно.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------