Home INFO Заврши музичката кариера на Елтон Џон (видео)

Заврши музичката кариера на Елтон Џон (видео)

реклама:

Елтон Џон, во саботата во Стокхолм го одржа својот последен концерт.

По половина век константна популарност, врвниот музичар официјално се прости со бројната публика.

Музичката ѕвезда ја започна својата проштална турнеја во 2018 година, а ја заврши сега, пет години подоцна во Стокхолм, отворајќи го последниот концерт со една од неговите најпопуларни песни „Bennie and the Jets“.

За време на неговата петгодишна турнеја, која беше прекината поради Ковид-19, неговите настапи ги следеа 6,25 милиони луѓе.

На последниот настап, Елтон испеа 23 песни од различни периоди од неговата долга кариера. Тој изведе три биса и ги отпеа „Cold Heart“, „Your Song“ и „Goodbye Yellow Brick Road“.

„Да се настапува за вас беше мојата причина да живеам, а вие бевте апсолутно брилијантни. Конечно завршив со турнејата. Не можам да ви објаснам колку ќе ми недостигате и колку ме направи скромна вашата поддршка. Тоа ќе остане со мене засекогаш“, рече 76-годишниот музичар.

Кога започна песната „I‘m still standing“, во Теле2 арената во Стокхолм, станаа околу 30.000 гледачи.

За време на концертот, Елтон Џон и оддаде почит на Арета Френклин со тактот од песната „Border Song“.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------