
Британската монархија се соочува со нова криза – здравјето на кралот Чарлс Трети се влошило, што предизвикало загриженост меѓу палатата и неговите најблиски пријатели.
Според извештај на новинарот од Daily Beast, Том Сејкс, пријател на кралот изјавил дека иако кралот не е во добра здравствена состојба, тој е решен да се бори и да ја победи болеста.
Истовремено, нагласил дека се чувствува многу полошо отколку што јавноста е информирана.

Оваа вест доаѓа во многу деликатен момент за кралското семејство. Според аналитичарите, здравствените проблеми на кралот значително ја менуваат иднината на британската монархија, особено што тоа значи брз и неизбежен напредок за принцот Вилијам но и Кејт Мидлтон, кои сега се на пат да станат крал и кралица.
Паралелно, парот поминува низ лични стресови, како последица на неодамнешната дијагноза за рак, за која Кејт неодамна објави дека е во ремисија.

Документите кои ги објави новинарот Сејкс сугерираат дека се разгледуваат детални планови за погребот на кралот Чарлс, под кодно име Operation Menai Bridge.
Планирањето веќе е во тек, а посебен документ анализира како се одвивал погребот на кралицата Елизабета Втора во септември 2022 година и што може да се подобри за следниот пат.
Целта е да се усовршат процедурите за денот кога следниот монарх ќе ја напушти “сцената”.






