Home INFO Жална вест: Почина Флеч од „Depeche Mode“

Жална вест: Почина Флеч од „Depeche Mode“

реклама:Велигден со Стаф

На шеесет и една годишна возраст, почина Енди Флечер, клавијатурист и еден од основачитe на британскиот бенд „Depeche Mode“

– Во шок сме и исполнети со тага поради прераната смрт на нашиот драг пријател, член на семејството и колега од бендот, Енди “Флеч” Флечер. Флеч имаше златно срце и секогаш беше тука кога ви треба поддршка, разговор, смеа или – ладна кригла. Нашите срца се со неговото семејство и ве молиме да ја почитувате нивната приватност во овие тешки времиња , се вели во соопштението.

Засега не е позната причината за смртта на рок-музичарот.

Флечер беше еден од основачите на групата, а во 2020 година беше примен во Куќата на славните на рокенролот.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------