Кога станува збор за бројки, нема постручен од магазинот „Форбс“. Сепак, кога станува збор за зборови – и не баш. Така, магазинот доби остри критики поради последната насловна страница на која беше ставена Кајли Џенер и беше претставена како „најмладата милијардерка што сама заработила пари (self-made)“.
Дали сфаќате зошто е ова проблематично?
– На 21 година таа станува најмладата милијардерка што сама заработила пари (self-made). Добре дојдовте во ерата на екстремната моќ на славата – пишува магазинот на насловната страница.
Кајли Џенер на 10 август ќе наполни 21 година, а моментално нејзината вредност е проценета на 900 милиони долари.
Ова буквално ги разбесни луѓето на социјалните мрежи, кои не штедеа на коментари, а се вмеша и веб-страницата „Dictionary.com“.
– Терминот „self-made“ значи да успееш во животот без туѓа помош. Како се користи во реченица: „Форбс“ тврди дека Кајли Џенер е „self-made“ жена – напишаа од оваа веб-страница и ставија линк до статијата.
Луѓето пишуваат дека нарекувањето на Кајли Џенер „self-made“ милијардерка е исто како да тврдите дека сами сте приготвиле јадење бидејќи сте отвориле конзерва и сте ја загреале.
Како и да е, моментот кога Кајли ќе ја премине вредноста од милијарди долари, а тоа ќе се случи наскоро, ќе го симне Марк Закерберг од врвот на листата со најмлади милијардери во историјата на светот.