Home INFO Живеењето во голем град го зголемува ризикот од душевни проблеми

Живеењето во голем град го зголемува ризикот од душевни проблеми

реклама:Велигден со Стаф

Поголема е веројатноста да страдате од анксиозност, психоза, депресија, шизофренија, параноја, зависности и нарушувања на расположението ако живеете во голем град, во споредба со животот во природа, покажаа резултатите од мета-анализата на десетици студии.

Најновата анализа покажа дека ризикот од развивање на сериозно нарушување на душевното здравје е значително повисок ако живеете во голем град, за разлика од живеењето во рурална средина.

Анксиозноста, психозата, шизофренијата, паранојата, пост-трауматските нарушувања, зависностите, гневот и други нарушувања на душевното здравје се почести во урбани отколку во рурални средини, велат истражувачите од Универзитетот во Берлин и Бостонскиот универзитет.

Едно данско истражување покажа дека живеењето во голем град во првите 15 години од животот двојно го зглемува ризикот од појава на шизофренија.

Зошто големите градови се толку лоши за нашето ментално здравје?

Авторите на истражувањето како причини ги посочуваат и физичката средина и општествената задоволност.

Загадувањето на водата и воздухот, бучавата, неонското осветлување, па дури и гледањето во високи згради се значителни фактори за развивање на спомнатите нарушувања на душевното здравје, велат тие.

Сиромаштијата, немањето поддршка од заедницата, социјалната сегрегација и физичкото насилство се почести во големите градови отколку во гратчињата и селата.

„Живеењето блиску до главни улици, железнички линии или аеродроми ја зголемува изложеноста на бучава и загадување и се поврзува со зголемено ниво на стрес и агресија“, велат авторите на истражувањето.

„Урбаното осветлување се одразува на биоритамот и шемата на спиење, што има негативни последици по менталната добросостојба на луѓето“, додаваат тие.

Дрвјата и зелените површини може да помогнат

Поголемиот пристап до зелени површини и водени пространства, како и почестата физичка активност може да помогне во подобрувањето на душевната состојба.

Колку повеќе време поминувате на отворено, во планина, на ливада, во апрк, покрај река, езеро или море, толку повеќе ја надоместувате штетата од живеењето во градот.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------