Home ШОУ БИЗз Ѕвезди Ѕвездата од „Сексот и градот“ ќе стане гувернер на Њујорк

Ѕвездата од „Сексот и градот“ ќе стане гувернер на Њујорк

SHARE

Американската актерка Синтија Никсон, најпозната по улогата на амбициозната адвокатка Миранда во ТВ серијата „Сексот и градот”, ги собра потребниот број потписи за да се кандидира за гувернер на американската сојузна држава Њујорк. Нејзе и беа доволни 15.000, а таа соопшти дека собрала 65.000 потписи.

Првичните избори во Демократската партија, во којашто Никсон се натпреварува за кандидатурата, ќе се случат на 13 септември, два месеца пред главните избори. На глумицата партиски соперник ќе и биде сегашниот гувернер Ендрју Куомо, водечка фигура на Демократите, кој е на чело на сојузната држава веќе осум години.

Според испитувањата на јавното мнение, Куомо има 35 процентни поени предност пред Никсон, јави БТА.

РЕКЛАМИ: ---