Home ШОУ БИЗз Extra Exclusive Звучи неверојатно но во домот на Бекамови, Дејвид е задолжен за чистење?!

Звучи неверојатно но во домот на Бекамови, Дејвид е задолжен за чистење?!

реклама:

Дејвид Бекам се отвори за својот живот со опсесивно-компулсивно нарушување (OCD) во документарна серија на Нетфликс. „OCD“ спаѓа во групата на анксиозни нарушувања, а се карактеризира со појава на опсесивни мисли и компулсивни дејства.Луѓето кои го имаат ова нарушување ја разбираат ирационалноста на нивните постапки и ги доживуваат како непријатни, но не можат да ги спречат. Приближно еден процент од светската популација страда од „OCD“, што е околу 70 милиони луѓе.

Бекам призна дека останува буден неколку часа откако сите ќе си легнат да спијат, за да ја чисти и средува куќата. Тој раскажа како неговата состојба го принудува секојдневно да ги чисти искористените свеќи, а во еден момент дури и ја опомена и сопругата Викторија Бекам бидејќи не ја става солта таму каде што и е местото.

„Толку добро чистам овде, но не сум сигурен дека мојата сопруга го цени тоа, искрено. Кога сите се во кревет навечер, тогаш одам низ дома, раскревам, ги чистам свеќите, го местам осветлувањето да биде со идеален интензитет “, изјавил тој.

Исто така, не може да поднесе да ги гледа садовите во кујната наутро, а чистењето на свеќите често го изморува. „Ги сечам врвчињата на свеќите кои изгореле, го чистам восокот од свеќата, ги чистам и стаклата… Знам, чудно е“, признал Дејвид.

Викторија истакнува дека ги цени неговите напори. „Тој е толку совршен“, рекла неговата сопруга. “Не верувам во тоа ниту за секунда. Звучи саркастично кога го кажува тоа”, ѝ одговорил Дејвид.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------