Home INFO Ќе заврши ли сагата Амбер – Деп? Актерката излажала за донација од...

Ќе заврши ли сагата Амбер – Деп? Актерката излажала за донација од 7 милиони долари

реклама:

Поранешните сопружници Џони Деп и Амбер Херд пред очите на јавноста во судска парница ги изнесуваат најинтимните детали од нивниот брачен живот.

Од разводот со Деп, Амбер добила оштета од 7 милиони долари за кои во 2018 година во интервју во холандско ток шоу изјавила дека ги донирала во детски клиники:

„Вкупно беа донирани 7 милиони долари – ги поделив помеѓу „American Civil Liberties Union“ и Детската болница во Лос Анџелес. Не сакав ништо“, изјавила тогаш Херд.

Но во текот на сегашното судење, актерката конечно призна дека не ја платила ветената донација , откако во неколку наврати тврдеше дека парите од разводот биле донирани во добротворни цели.

Сведочејќи пред судот во понеделникот, Херд рече дека не ja донирала планираната сума затоа што Џони Деп ја тужел.

Сепак, таа во неколку наврати тврдеше – вклучително и под заклетва во случајот за клевета на Деп во 2020 година, дека донирала.

„Ќе ги исполнам сите мои ветувања. Би сакала да престане да ме тужи, за да можам“, додаде таа.

Теренс Доерти, главниот оперативен директор и главен советник на „ACLU“, сведочеше претходно во случајот и рече дека досега се донирани вкупно 1,3 милиони долари од Херд или во нејзино име. Од тие пари, Херд донирала 350.000 долари во декември 2018 година и оттогаш не уплатила ништо. Деп платил 100.000 долари, а уште 350.000 долари дошле од фонд на инвестициската фирма „Фиделити“.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------