Home INFO Тажна вест: Почина Сашо Пижевски – Пиже

Тажна вест: Почина Сашо Пижевски – Пиже

реклама:Велигден со Стаф

На 57 годишна возраст почина познатиот скопски пејач и угостител.

Сашо Пижевски – Пиже е роден во скопското маало Дебар маало каде го поминал своето детство, па се преселил во Влае каде живееше до денес.

Познат, урбан скопски лик, еден од творците на ноќниот и забавен живот во Скопје. Заедно со Горан Атанасов – Зеко и Игор Џамбазов бил основач и член на култната група Хавана Бенд, која била своевидна атракција на македонската естрада во раните 90-ти, позната по хитовите Шток ми бејби, Нема спас, Дај ми, жити се и др.

По распаѓањето на групата, се посветил на угостителството и само повремено, како гостин, учествувал во неколку музички проекти.

Вечна му слава!

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------