Home INFO Џенифер Лопез ќе дојде во комшии! Еве кој ќе има прилика да...

Џенифер Лопез ќе дојде во комшии! Еве кој ќе има прилика да ја дружи!

реклама:

Во месец мај годинава, познатата пејачка и актерка Џенифер Лопз треба да допатува во нашето соседство.

Наводно, латино дивата ќе биде гостинка на приватна забава на бизнисмен од Белград, кој за тоа и платил 200 000 евра.

Овој српски бизнисмен и претходно организирал забави од овој тип, на кои присуствувале познати личности.

„На забавата е предвидено Џенифер да биде два часа. Деталите се договорени преку нејзините агенти. Во цената е вклучен трансферот на пејачката, престојот и дружењето со славеникот и неговите гости. Познато е дека таа слетува на аеродром околу 18:00 часот. Од аеродромот до локацијата каде што ќе се одржи прославата е потребно еден час возење. Таму ќе остане околу час или два, по што веднаш ќе се врати во Америка. Нејзиниот тим не побара дополнителни услови, освен медиумите да не присуствуваат на настанот и гостите да не ја вознемируваат со разговори. Сите други детали за нејзиното доаѓање ќе бидат познати пред нејзиното доаѓање“, изјавил извор српските медиуми.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------