Home INFO “Ми се плаче кога ќе го видам ваков”: Брус Вилис наполни 68...

“Ми се плаче кога ќе го видам ваков”: Брус Вилис наполни 68 години (видео)

реклама:Велигден со Стаф

Познатиот холивудски актер периодов е во фокусот на медиумите поради тешката болест со која се бори.

Актерот наполни 68 години, а неговото семејство се потруди да му го разубави роденденот.
Неговата бивша сопруга, актерката Деми Мур објави видео од роденденската прослава.

Фановите на Брус приметија дека актерот делува нестабилно, како да ќе се сруши во секој момент.

“Ми се плаче кога ќе го видам ваков”, “Не изгледа добро”, беа само некои од коментарите на загрижените фанови.

За потсетување, минатата година во јавноста одекна веста дека Вилис се повлекува од актерството поради дијагноза афазија. Подоцна е објавено дека болеста напреднала и на актерот му е дијагностицирана деменција.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------