Home INFO 30.000 навивачи присуствуваана тренингот на Меси пред денешниот натпревар со Роналдо

30.000 навивачи присуствуваана тренингот на Меси пред денешниот натпревар со Роналдо

реклама:Велигден со Стаф

Пријателскиот натпревар кој треба да се одигра денеска се чека со огромно нетрпение па голем дел од фановите и навивачите присуствуваа на тренингот на Пари Сен Жермен во Доха.

Над 30.000 луѓе го следеа тренингот пред пријателскиот натпревар кој парижани ќе го одиграат денеска со ѕвездите од екипите на Ал Хилал и Ал Наср во чии редови од неодамна настапува Кристијано Роналдо.

Лионел Меси, Килијан Мбапе и Нејмар предизвикаа невидена еуфорија на стадионот Калифа во Доха.

Судирот се чека со голем интерес. Навивачите ќе можат да ги видат Кристијано Роналдо и Лионел Меси како се соочуваат уште еднаш. Од друга страна, ова ќе биде прв натпревар на Роналдо во Саудиска Арабија по неговиот трансфер од пред неколку недели.

Организаторите веќе известија дека добиле преку 2 милиони онлајн барања за билети за оваа средба која се игра попладнево од 18 часот.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------