Home INFO Новак Ѓоковиќ ги подбра „Еуроспорт“ за нивната изјава со погрешно протолкувана ситуација

Новак Ѓоковиќ ги подбра „Еуроспорт“ за нивната изјава со погрешно протолкувана ситуација

реклама:

На социјалните мрежи најдобриот тенисер Новак Ѓоковиќ напиша пост посветен на „Еуроспорт“ со објаснување зситуацијата со судијата која од нивна страна беше погрешно протолкувана.

Заедно со видеото на кое Ѓоковиќ му кажува на судијата дека треба да оди во тоалет во првото коло на Австралија Опен, имаше опис: „Новак Ѓоковиќ му се спротивстави на судијата и отиде на предвремена пауза за тоалет“.

Ѓоковиќ експресно одговори: „Еуроспорт, ве молиме проверете ги информациите пред да објавите нешто осудувачко и погрешно“.

Потоа следеше подетално објаснување на Ѓоковиќ:

„Судијката ми дозволи да одам во тоалет, но ми рече дека немам пауза за тоалет, туку дека тоа морам да го направам за време на паузата помеѓу гемовите. Таа ми рече (тоа не го регистриравте на камера) дека треба да брзам. Кога речиси го напуштив теренот, таа викна по мене (не слушнав) да ми каже дека тоалетот е на спротивната страна од теренот. Го најдов и тој каде што отидов и морав да бидам брз поради времето.

Не ѝ се спротивставив, ниту го прекршив правилото. Таа ми даде дозвола и ми рече да бидам брз. Следниот пат бидете повнимателни со она што го објавувате. Имате одговорност пред многубројните љубители на спортот кои ја следат вашата страница“, рече Србинот.

Ѓоковиќ денес ќе игра меч од второто коло на Австралија Опен против Енцо Куако.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------