Повремените медиумски препукувања со колеги е нешто што е типично за контроверзната поп дива Јелена Карлеуша.
Овојпат на мета е познатиот рапер Буба Корели. Кавгата помеѓу двајцата настанала поради банална изјава на Карлеуша која се пошегувала со неговото име.
По ова Корели ја навредил Карлеуша споменувајки ги нејзините години и изјавил дека е премногу стара за да сними дует со него па единствено може да просперира како заштитно лице за пелени за возрасни.
Секако поп дивата не почека многу и веднаш го возврати ударот, заканувајки се дека со само една фотографија може да ја запечати кариерата на босанскиот рапер во Србија.
Можам јас и на многу поболен начин да му возвратам на оној Буби или како и да се вика… Да му ги затворам сите врати во Србија со само една фотографија, Но јас сум некој кој не удира на послабите од себе! – напиша Јелена на Твитер!
View this post on Instagram
???? #JelenaKarleusa #Karleusastar #Karleusa #fashionicon #popstar #diva @karleusastar