Home INFO Хит на социјалните мрежи: Професор од Вараждин се збогувал со учениците настапувајќи...

Хит на социјалните мрежи: Професор од Вараждин се збогувал со учениците настапувајќи како Фреди Меркјури

реклама:

Професорот Томислав Цвртила се збогувал од своите ученици во Музичкото училиште во Вараждин на начин на кој тие веројатно никогаш нема да го заборават.

Креативниот професор по соло-пеење на училишната приредба ја извел песната “Bohemian Rhapsody”, имитирајќи го фронтменот на групата Квин, Фреди Меркјури. Снимката од неговиот настап набрзо стана хит на социјалните мрежи – таа буквално ги преплави Фејсбук и Јутјуб.

“Пред да Ве почестиме со фотографии од вчерашниот концерт, мораме да ви ја покажеме веројатно најкреативната маска на нашиот наставник Томислав Цвртила. Наставникот Томислав со учениците ја изведе “Bohemian Rhapsody” и ја воодушеви присутната публика. Исто така, со ова се опростуваме од наставникот кој заминува на друго работно место и му посакуваме многу успеси”, порачале од училиштето со фотографии од професорот “Фреди”.

“Плачев додека го гледав видеото, има надеж за нашите деца”, коментирале корисниците на социјалните мрежи, а учениците од Вараждин, пак, му порачале на професорот: “Не заминувајте никаде, останете со нас!”.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------