Новак Ѓоковиќ, најдобриот светски тенисер, не ја исклучува можноста за повлекување од Ролан Гарос поради повреда на коленото.
Во осминафиналето против Франсиско Серундоло, кој го победи со 3-2 по повеќе од четири и пол часа игра, Ѓоковиќ го повреди коленото.
На прес-конференцијата, тој изјави дека ќе направи магнетна резонанца во вторник за да утврди колку е сериозна повредата.
„Постои шанса да се откажам. Зависи од тежината на повредата и колку е направена штета. Ќе се молам сè да биде во ред“, рече Ѓоковиќ.
Многумина коментираа дека Новак не е во форма, но тој одговори: „Луѓето сакаат да судат од удобна фотелја. Не чувствувам дека е соодветно да навлегувам во детали за повредата. Се надевам на позитивни вести по магнетната резонанца.“
Доколку реши да продолжи, во четвртфиналето ќе се соочи со Каспер Руд.