Познатата српска пејачка Марија Шерифовиќ му помогна на Мустафа Хрустиќ од Зеница, кој, како што тврдеше, спиел во шатор под мост, во тешки услови.
Пејачката му обезбеди покрив над главата и работа.
Сепак, нови информации откриваат дека Мустафа ја измамил пејачката.
Марија му нашла работа, плаќала кирија за стан и три оброци дневно.
Но, сега се појавија тврдења дека Мустафа бил исфрлен од станот бидејќи е алкохоличар и измамник.
Сопственикот на станот тврди дека Мустафа го излажал сите, претставувајќи се како некој што не е. Се откри дека снимањето под мостот било глума за да добие сожалување и донации.
Мустафа е наречен безделник, лажго, коцкар и алкохоличар.
Марија беше трогната од неговата ситуација и изрази желба да му помогне, но се чини дека нејзината доверба била злоупотребена.
Целото сведоштво погледнете го во видеото подолу: