Се чини дека на скандалите меѓу бившата двојка Карлеуша и Тошиќ уште долго ќе ги полнат таблоидите.
Откако викендов се пишуваше за инцидентот меѓу Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ, поранешниот фудбалер конечно ја изнесе својата страна на приказната.
На прашање на еден од следбениците дали ја удрил и влечел Јелена за коса, Душко одговорил:
„Не, се разбира дека не ја ни пипнав. Се намести,“ напишал Тошиќ.
Останува полицијата да го истражи овој инцидент и веројатно за брзо во јавноста ќе се дознаат сите детали по инцидентот меѓу бившиот пар.