Светските таблоиди објавија фотографија по приведувањето на Џастин Тимберлејк, кој бил уапсен во пијана состојба.
На фотографијата, објавена од „Daily Mail“, се гледа пејачот со крвави очи и „камено“ лице.
Тимберлејк бил уапсен во Саг Харбор поради возење под дејство на алкохол откако пиел со пријателите во барот „American Hotel“.
Откако го запреле, тој одбил тестирање на алкохол и тврдел дека испил само едно мартини.
Полицијата го опишала како нестабилен на нозе, со бавен говор и силен мирис на алкохол.
На краткото судење, тој се изјаснил за невин, му било забрането да вози една година во Њујорк и бил ослободен без кауција.