Home ШОУ БИЗз Extra Exclusive Еден од омилените актери на девојките Зак Ефрон пренесен во болница

Еден од омилените актери на девојките Зак Ефрон пренесен во болница

реклама:DIGITVMK

Холивудската ѕвезда Зак Ефрон е хоспитализиран по повреда во вила на Ибица. Имаше среќа што персоналот го пронајде навреме и му укажа помош.

Актерот се повреди додека пливаше во базен на луксузен одмор на Ибица, Шпанија, и заврши во болница каде се опоравува од раната. Набрзо се огласија и неговите претставници кои ги отфрлија сомнежите за сериозна повреда и порачаа дека на крајот сè поминало добро. „Во ред е“, потврди портпаролот на актерот.

Извори за People откриле дека несреќата се случила во петокот вечерта, по што бил пренесен во болница и задржан до сабота наутро. Таму актерот бил пронајден од персоналот на вилата, кои го извлекле од водата, додава Пејџ Сикс. Ефрон пристигна во Шпанија по присуството на свеченото отворање на Олимписките игри во Париз.

Тој го прослави златниот медал на САД во гимнастика, честитајќи и на Симон Бајлс, со која се сретна на Игрите во Рио во 2016 година. Зак Ефрон и претходно се здобил со повреди во својот дом, кога со чорапи трчајќи низ куќата паднал и удрил во гранитна фонтана, што му го повредило лицето толку многу што морал да оди на операција за зголемување на вилицата.

После тоа, редовно се јавуваат загрижени обожаватели кои тврдат дека денес е непрепознатлив. Ефрон првично не бил свесен дека неговата несреќа предизвикала толкава бура на интернет, се додека мајка му не му се јавила и загрижено го прашала дали навистина бил подложен на пластична операција. Сепак, тој не дозволува ваквите шпекулации и негативни коментари да му го нарушат мирот. „Да ми беше толку важно што другите мислат за мене, дефинитивно не би можел да ја работам оваа работа“, изјави актерот.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------