
| Getting your Trinity Audio player ready... |
Хакерската група ShinyHunters тврди дека украла податоци од премиум корисници на популарниот сајт за возрасни Pornhub и се заканува со нивно јавно објавување доколку не ѝ биде исплатен откуп во биткоин, објави Reuters.
Иако целосниот обем на нападот не е познат, Reuters успеал делумно да ја потврди автентичноста на примерок од податоците. Најмалку три поранешни корисници потврдиле дека нивните информации се точни, но стари неколку години.
Pornhub призна дека имало сајбер-безбедносен инцидент поврзан со трета страна – аналитичката компанија Mixpanel, но од Mixpanel ги негираат обвинувањата и тврдат дека нема докази за пробив во нивниот систем.
И покрај тоа, ShinyHunters остануваат на тврдењето дека податоците се украдени и најавуваат нивно објавување доколку не добијат откуп.






