Home INFO Аца Лукас „удри“ по докторите во Србија, пејачот не го крие револтот

Аца Лукас „удри“ по докторите во Србија, пејачот не го крие револтот

реклама:Велигден со Стаф

Додека нашата естрада не баш има став околу коронавирусот и секојдневните информации, дезинформации, пресови и доктори, во соседството јавните личности се постојано со свои коментари на социјалните мрежи и медиумите.

Пред неколку дена пејачот Аца Лукас јавно ја нападна Неда Украден околу нејзината изјава дека на пејачите треба да им се помогне со државни пари, а овој пат тој даде свој коментар за докторот Бранимир Несторовиќ кој постојано е во медиумите во Србија со информации за вирусот и најразлични болести.

На пејачот очигледно му е преку глава од докторите на телевизија па во едно гостување додал:

-„Не ми се допаѓа што докторот зборува.. Ме замориа со приказни за истории на короната и разни медицинки и стручни приказни. Ако слушаш музика тогаш слушаш Аца Лукас. Не може да ми кажува што е Ц-дур или Д-дур.
Ќе го заморат народот до толку што повеќе нема да сакаат да видат доктор“ изјавил пејачот во едно гостување на ТВ.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------