Дарко Лазиќ веќе три недели се наоѓа во болницата во Земун по страотната сообраќајна несреќа.
По последната операција на ногата, тој сеуште е прикован за кревет, иако пациенти со истиот оперативен зафат веќе наредниот ден биле во можност да затанат на нозе.
Дарко и понатаму прима трансфузија.
– Дарко сеуште прима трансфузија бидејќи изгуби многу крв за време на операцијата. На секој час го посетува доктор и сеуште не е познато кога ќе може да стане од кревет- изјавил за српски Курир извор од болницата.