Home INFO Актерот е на прагот на шестата деценија а го чека своето десетто...

Актерот е на прагот на шестата деценија а го чека своето десетто дете

реклама:Велигден со Стаф

Потомството на Еди Марфи ќе стане уште поголемо, бидејќи легендарниот комичар чека уште едно дете, вкупно десетто.

Тоа ќе биде второ дете за 57-годишниот актер со неговата партнерка Пејџ Бучер и се очекува да се роди во декември.

„Еди Марфи и неговата долгогодишна партнерка Пејџ Бучер со голема радост објавуваат дека во декември го очекуваат раѓањето на нивното второ заедничко дете“, изјави портпаролот на Марфи.

Тие се во врска од 2012 година и веќе ја имаат двегодишната ќеркичка Изи.

Највозрасното од деветте деца на Марфи, Ерик, има 29 години, а од претходните врски тој има уште два сина и пет ќерки. Мајката на 11-годишната Ејнџел Ајрис е поранешната спајс девојка Мел Би.

„Навистина имав среќа со децата. Сите се добри луѓе. Ниту едно не е како мене и сите меѓусебно се разликуваат. Сите имаат свои интереси“, изјави Марфи, кој моментално го снима првиот филм од 2016 година.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------