Home INFO Пред две недели ме силуваше Жерар Депардије: Младата танчерка ја разбранува јавноста

Пред две недели ме силуваше Жерар Депардије: Младата танчерка ја разбранува јавноста

реклама:Велигден со Стаф

Жерар Депардије (69), еден од најплодните француски актери деновиве се соочува со сериозен проблем.

Актерот ќе треба да одговара на суд , откако во понеделникот неименувана 20 годишна танчерка и актерка поднела обвинение за силување.
Таа тврди дека пред две недели актерот ја силувал во еден од неговите станови во Париз.

Дотичната ја дала изјавата во полиција во местото Ламбеск, на југот на Франција , а по случајот ќе одлучува обвинителството во Париз.

Според нејзиниот адвокат, актерката била очајна и тврди дека го познавала Депардије и пред да ја силува.

Неговиот адвокат, пак тврди дека има сигурни докази против наводите на актерката.

Депардије бил потресен од ваквото обвинување, зашто тоа е спротивно на она кој е тој и што почитува.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------