Home INFO Анџелина Џоли планира да биде новиот претседател на САД?!

Анџелина Џоли планира да биде новиот претседател на САД?!

реклама:Велигден со Стаф

Амбасадорката на ООН и една од најпопуларните актерки Анџелина Џоли, го иницираше каналот „Јутјуб“ кој се занимава со хуманитарна работа, а досега има повеќе од 10.000 претплатници.

Во описот на каналот се наведуваат податоците дека актерката, ја претставува ООН и се занимава со прашањата за раселување на населението и дека преку нејзината работа придонесува во изнаоѓање решенија за оние што се принудени да ги напуштат своите домови.

Џоли, која моментно го промовира новиот филм Maleficent: Mistress of Evil, има две видеа на својот канал.

Порталот „Брејтбарт“ посочува дека со лансирање на каналот „Јутјуб“ актерката всушност се подготвувa за претседателската кампања.

„Искрено, ако ме прашавте пред 20 години, јас само ќе се насмеев слатко. Навистина не знам. Секогаш велам дека ќе одам таму каде што треба да бидам. Не знам дали сум погодна за политика, но кога мислам дека немам што повеќе да кријам, тогаш мислам дека сум отворена за таа можност. Можам многу да поднесам“, рече актерката во интервју за BBC Radio 4 Today кон крајот на минатата година.

Тогаш водителот на емисијата Џастин Веб (58) ѝ рекол дека ќе ја стави на списокот на потенцијални кандидати за изборите во 2020 година, на што Анџелина се насмеала и одговорила: „Благодарам!“

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------