Home ШОУ БИЗз Extra Exclusive АНОНИМНА СТЈУАРДЕСА ОТКРИВА: Како се однесуваат во авион балканските ѕвезди?

АНОНИМНА СТЈУАРДЕСА ОТКРИВА: Како се однесуваат во авион балканските ѕвезди?

реклама:

Поради настапите ширум светот балканските ѕвезди често на овие релации патуваат во авион па секој викенд посебно е голем метеш на ајродромот во Белград од пејачи кои своите тезги ги имале ширум Европа.

Иако во јавност сите се претставуваат дека се фини и културни сепак не сите се такви открива анонимна стјуардеса која за српски портал раскажала неколку ситуации кои таа ги имала со Цеца, Карлеуша, Аца Лукас, Џани, Брена и многу други.

Таа работи на сите летови од Белград кон Европа, а тоа се најчесто земјите како Германија, Шведска, Франција, Кипар…

-Многу познати личности ме изненадиле, а некои за кого сум имала убаво мислење ме разочарале, а додека за некои додека сум имала одредени предрасуди се природни и опуштени, за разлика од она што се прикажуваат во јавноста, вели таа.

Таа раскажува дека водителката Сања Маринковиќ направила цела драма бидејќи не сакала да ја качи торбата во пределот за багаж објаснувајќи и дека тоа е само процедура при полетувањето.

-Уште еден кој ме разочара со однесувањето е Аца Лукас, иако му пруживме ВИП третман и со сите членови на бендот го сместивме во првите редови, тој не покажа ниту малку благодарност. Прво го удри, а не го затвори делот за оставање багаж над главата каде што седеше, за време на летот плати храна и пијалак за целиот бенд, но не беше толку љубезен кон посадата, а воедно си го зеде и кусурот од две евра, вели таа.

Од друга страна додава оние што пријатно изненадиле биле Јелена Карлеуша, Цеца Ражнатовиќ, Џани и Лепа Брена.

-Карлеуша го нема оној агресивен став како во медиумите, најнормално седела со своите танчари, се распрашуваше околу парфемите, дури и купи еден од 20 евра, а го испочитува и секој кој сакаше да се фотографира со неа. Од тогаш го променив мислењето за неа. Цеца беше со сестрата Лидија на Кипар, двете беа фини кон нас, а Лепа Брена е скроз природна, се гледа дека славата ниту малку не ја променила, вели таа.

Додава дека Дара Бубамара секогаш лета тип-топ средена и скоцкана и дека не и е проблем да седи на средното седиште помеѓу двајца други патници.

Сепак оној кој барал да биде преместен од таквото седиште бил пејачот Џани, завршува таа.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------