Добро е познато дека легендарната, сега покојна Арета Френклин ја сметала Ариана Гранде за одлична пејачка.
Поради ова не изненадува фактот што на погребната церемонија,токму Гранде ја имала можноста да и оддаде последна почит на кралицата на соулот, изведувајќи ја познатата “(You Make Me Feel Like) A Natural Woman”.
Но многумина и замерија на пејачката за црниот краток фустан кој го носеше за оваа прилика.
Лавина од негативни коментари ги преплавија социјалните мрежи, а фановите реагираа дека фустанот на Гранде бил пократок дури и од нејзината коса.
Погледнете ја изведбата и заклучете сами дали замерките се на место!
РЕКЛАМИ: ----------------------------------------------------