Нешто повеќе од еден месец од смртта на легендарниот Оливер Драгојевиќ, неговиот син Давор за прв пат стана татко.
Неговата сопруга во Сплит на свет донесе здраво машко бебе кое го доби името Марко, по таткото на покојниот Оливер.
Малиот Марко е шести по ред внук на Весна и Оливер Драгојевиќ, но за жал пејачот не доживеа да го запознае.
Покојниот Драгојевиќ отсекогаш истакнувал колку ужива во играта со своите внуци и колку за него е значајно семејството.