Некогаш омилениот пар на планетата, принцот Хари и неговата сопруга Меган Маркл изминатиов период се соочуваат со се полоша слика во јавноста.
Тензија постои и во кралското семејство а британските медиуми секојдневно откриваат нови детали од нетрпеливоста помеѓу членовите во кралското семејство.
Последната информација е дека наводно Хари и Меган нема да го поминат Божиќ на традиционалниот семеен собир кај кралицата, што може само да ја зголеми тензијата.
Тие наводно и соопштиле на кралицата дека нивниот син Арчи нема да го помине својот прв Божиќ со кралското семејство туку дека сакаат да бидат сами за да ги наполнат батериите и да направат нови планови.
Како на ова ќе реагира кралицата Елизабета, останува да видиме
РЕКЛАМИ: ----------------------------------------------------