Home INFO Базен, спа, 19 купатила и шипки за стриптиз: Ова е новиот дом...

Базен, спа, 19 купатила и шипки за стриптиз: Ова е новиот дом на Меган Маркл и принцот Хари (ВИДЕО)

реклама:Велигден со Стаф

Откако го напуштија кралското семејство, принцот Хари и неговата сопруга Меган конечно одлучија каде сакаат да живеат.

Брачниот пар купи вредна вила од 18.000 метри квадратни, распространета на земјиште од 5.4 хектари во Калифорнија.

Овде се преселиле во Јули минатата година, откако неколку месеци живееја во Канада и Лос Анџелес.

Вилата е оддалечена околу 140 км од Лос Анџелес, а во соседството живеат доста познати личности меѓу кои Опра, Елен Деџенерис, режисерот Џорџ Лукас.

Имотот наводно вреди околу 29 милиони долари, а парот успеал да ја добие по цена од околу 15 милиони долари.

Вилата изгледа како палата со 9 спални соби, 16 купатила, огромен базен, кино, спа центар, вински подрум, соба за рекреација, тениски терен, огромно игралиште за деца…

Во теретаната се наоѓаат и шипки за стриптиз, но не е познато дали ќе се отстранат или ќе се користат за физичка активност.

Во видеото подолу, погледнете како изгледа луксузниот имот на Меган и Хари! Можеби се откажаа од кралските титули, но не и од луксузот!

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------