Познатиот музичар Енрике Иглесијас и неговата сопруга, тенисерката Ана Курникова неодамна добија ќерка.
Јавноста не беше запознаена за новата бременост на Ана, а медиумите ја објавија среќната вест неколку дена по раѓањето на бебето.
Пејачот на Инстаграм покажа како ја држи својата ќерка во раце веднаш по раѓањето.
„Моето“, напишал тој, а честитки и лајкови веднаш почнале да стигаат од сите страни на светот.