Кога конечно јавноста имаше впечаток дека си дојде на себе по борбата со депресијата, актерот Бурак Озџивит, познат по улогата на Бали-Бег во серијата „Сулејман Велинчествениот“ за жал повторно имал причина да посети психијатар.
Имено, Бурак и неговата сопруга неодамна купиле имот во близина на Истанбул вреден околу 2.5 милиони евра. Проблем се јавил откако за вилата, освен актерксиот пар бил заинтересиран и извесен човек од подземјето, но имотот сепак успеал да го купи актерот кој прв платил капар на предходните сопственици.
– Набрзо се дозна дека другиот заинтересиран купувач е припадник на криминална банда и дека воопшто не му се допаднало што останал без вилата, која по секоја цена сакал да биде негова – открил извор за турските медиуми.
Криминлаците наводно му се заканиле дека ќе му го киднапираат синот, па Бурак ги контактирал надлежните служби и изнајмил телохранители поради безбедноста на својот наследник.
– Верува дека се ќе се заврши, но не му е сеедно. Изнајми лично без кое не излегува од куќата и се надеваат дека таа драма ќе се заврши многу брзо – рекол извор близок на актерскиот пар.