Home INFO Бега од Бред Пит? Анџелина Џоли ја напушта Америка

Бега од Бред Пит? Анџелина Џоли ја напушта Америка

реклама:Велигден со Стаф

И додека сеуште се чека судската пресуда околу старателството на децата на Анџелина Џоли и Бред Пит, актерката кова планови за селидба, пренесуваат американските медиуми.

– Би сакала да живеам преку океанот. Тоа ќе направам штом сите мои деца наполнат 18 години. Сега морам да бидам таму каде што живее нивниот татко, инаку многу ми е гајле што прави Бред – изјавила актерката за декемврскиот број на „Harper’s Bazar“.

Наводно Џоли веќе купува недвижности ширум Европа и има таен план наскоро да се пресели. Таа веќе започнала судска постапка во која бара дозвола за преселување. Извор блисок на актерката тврди дека планира да се пресели во Лондон, град кој многу и се допаѓал.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------