Home INFO Би ја пробале ли? Ова е најскапата торта во Турција

Би ја пробале ли? Ова е најскапата торта во Турција

реклама:Велигден со Стаф

Да се јаде злато е практика кај одреден слој на луѓе која влече корени уште од древен Египет.

Инспирирана од ова, компанија од Анкара,која е позната по своите сладолед торти, ја изработи најскапата торта во земјата, објавија турските медиуми.

Специјалниот десерт бил претставен на изложба во Истанбул.

На тортата работеле 14 слаткари, 21 ден, а употребено било козјо млеко, чоколадо, крем и 340 грама злато за јадење.

-Оваа златна торта е прва од ваков вид во Турција. Направена е од 340 грама 14-каратно злато за јадење, изјави Јашар Каплан претставник на компанијата.

Тимот што ја изработи тортата, работел со најмали и најпрецизни инструменти, за да се добие ова своевидно ремек-дело.

Тортата вреди вкупно 56.000 турски лири (8.615 евра). А, парче од неа пак, ќе ве чини околу 1.000 евра.

Овде погледнете како изгледа најскапата торта во Турција!

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------