Home INFO Бидете претпазливи, големо невреме во најава!

Бидете претпазливи, големо невреме во најава!

реклама:G Natural

Времето денес во претпладневните часови ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност.

Попладне и кон крајот на денот ќе биде нестабилно, на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силни електрични празнења, силен ветер и услови за изолирана појава на град.

Минималната температура ќе се движи во интервал од 12 до 21, а максималната ќе достигне од 33 до 39 степени.

Во Скопје сончево со мала облачност, доцна попладне и во вечерните часови нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Во четврток уште од пладне на повеќе места се очекува нестабилно време со пороен дожд и грмежи.

Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силни електрични празнења, силен ветер и услови за изолирана појава на град. Потоа во следните денови ќе преовладува сончево време, но во попладневните часови со изолирана појава на нестабилна облачност, пороен дожд и грмежи.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------