Home INFO Украина гори, Зеленски се слика!

Украина гори, Зеленски се слика!

реклама:G Natural

Волдомир Зеленски, претседателот на Украина стана планетарно популарен откако започна воениот конфликт помеѓу Украина и Русија.

Бившиот актер и неговата сопруга имаа интервју за магазинот „Вог“ со новинарката Рејчел Донадио која го посети Киев.

Фотографиите на брачната двојка Зеленски, освен поддршка на социјалните мрежи, наидоа и на бројни негативни реакции на сметка на Зеленски, кој беше етикетиран како човек кој сака да се прослави во воени околности.

„Ова се нарекуваат приоритети – насловна страница на „Вог“ пред грижата за народот“
„Луѓето умираат, но Зеленски е зафатен со снимање за „Вог“
„Нема ништо полошо од – среде војна сме и насловна страница на моден магазин“

Ова се само дел од коментарите на социјалните мрежи.

Зеленски е роден на 25 јануари 1978 година во семејство на инженерка и математичар во градот Кривој Рог во централниот украински регион Дњепропетровск.

Дипломирал право на Киевскиот национален економски универзитет, но никогаш не работел како адвокат.

За време на студентските години, Зеленски ѝ се приклучил на театарска група.

Во 1997 водел кабаре-екипа, која настапувала во популарна телевизиска емисија.

Во 2003 година тој станал претседател на компанијата Квартал 95 во Украина, специјализирана за создавање забавни медиумски содржини.

Зеленски се оженил со својата другарка од средно училиште, Олена Кијашко. Двојката има син и ќерка.

Тој стана автор, творец, режисер и презентер на проектот „Вечерниј квартал“, кој премиерно беше прикажан на државниот ТВ-канал „Интер“ во 2005 година и стана една од највисоко оценуваните емисии во Украина.

Во 2015 година на телевизија беше емитувана првата сезона од ТВ-серијата „Слуга на народот“ и веднаш стана хит. Третата сезона почнала да се емитува непосредно пред првиот круг од изборите.

Овој глумец без никакво политичко искуство во новогодишната ТВ-емисија во 2018 најави дека ќе се кандидира за функцијата претседател на државата, а потоа ја почна својата политичка кампања.

Зеленски масовно ги користеше социјалните медиуми, комуницираше директно со граѓаните за време на ТВ-емисии и кабаре-концерти, а во својата кампања користеше кратки видеоклипови, анкети и истражувања.

ВИДЕО:МУ ТРЕБАШЕ ЛИ ПОЛИТИКА? ВАКА ЗЕЛЕНСКИ ЈА ВООДУШЕВУВАШЕ ПУБЛИКАТА ПРЕД ДА СТАНЕ ПРЕТСЕДАТЕЛ

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------