Home INFO Честопати ги кршел кралските норми: Сите скандали на принцот Хари

Честопати ги кршел кралските норми: Сите скандали на принцот Хари

реклама:G Natural

Тој отсекогаш важел за проблематичен дечко со тенденција да ги доведе до нервен слом членовите на неговото семејство.

Пред да ја запознае Меган Маркл, Хари бил бунтовник, журкаџија и освојувач на русокоси девојки.

Еден од најголемите скандали поврзани со Хари е оној кога е фатен како гол се забавува во Вегас. Хари се фотографирал гол во друштво на своите пријатели, со чаша алкохол на брадавицата. Ова го разлути кралското семејство, па додека папраците задоволно триеја раце, бабата кралица експресно го повлече својот разуздан внук назат во палатата.

Хари честопати бил забележан во дискотеките во видно пијана состојба, а неговото обезбедување честопати го спречувало да направи инцидент.

Познато е и неговото бакнување со девојки, особено русокоси убавици во јавност, што не е во согласност со кралските норми на однесување.

Сето ова е неспоредливо со скандалот кој црвенокосото момче и го приреди на монархијата во 2005 та, кога на една приватна забава се појави во нацистичка униформа.

Подолг период принцот Чарлс вработувал луѓе кои биле задолжени да спречат Хари да излегува на насловните страници во алкохолизирана состојба.

Во меѓувреме, Хари се дружел по ноќните клубови и со Кание Вест и Пи Диди, а со започнување на врската со актерката Меган Маркл, неговиот живот потполно се променил.

Меган успеа комплетно да го смири и да го оттргне од алкохолот и забавите, но истовремено го одвои и од неговото семејство.

Сега кога ја нема титулата принц, можеме само да се надеваме дека нема да им се врати на старите пороци.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------