Home ШОУ БИЗз Extra Exclusive Цеца Ражнатовиќ ги тестираше сите еве колку потроши за корона тестови

Цеца Ражнатовиќ ги тестираше сите еве колку потроши за корона тестови

реклама:Велигден со Стаф

Откако по прославата за новородениот внук таа и гостите се позитивни на корона вирусот Цеца Ражнатовиќ веднаш превзема иницијатива да го тестира своето блиско семејство но и послугата, возачот, обезбдувањето и сите што работат кај неа.

За да се осигура дали се е во ред, односно дали само таа и синот се заразени, пејачката платила неверојатни 1.000 евра за тестовите на сите.

Според „Ало“, пејачката не сакала нејзините вработени сами да го платат трошокот од 50 евра, колку што во Србија чини тестирањето. Наместо тоа, таа на сите им дала по 50 евра и ги испратила до најблискиот здравствен дом. Таа исто така им наредила да не доаѓаат на работа дури и ако се негативни за вирусот, затоа што таа и Вељко, кои се заразени, во моментов се наоѓаат во куќата во Љутице, заедно со снаата Богдана и внукот.

Цеца се грижи за сите вработени, а тоа го знаат сите нејзини пријатели, но и оние кои работат во нејзината куќа повеќе од две децении. Познато е дека некои членови од обезбедувањето таа не ги менувала со години. Таа е лојална на нив, како што се и тие на неа, на прво место и се нивното здравје и здравјето на нивното семејство.

Не сакајќи да ги загрози на било кој начин, веднаш штом откри дека е болна, им рече да одат да се тестираат и да и ги кажат резултатите, но да не се враќаат на работа се додека таа и Вељко не бидат негативни на тестирањето.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------