Home INFO Цела наука: Станете фотогенични со помош на овие трикови

Цела наука: Станете фотогенични со помош на овие трикови

unsplash.com/Everton Vila
реклама:Велигден со Стаф

За се постојат трикови, па така и за добро излегување на фотографии. Ние ви откриваме дел од нив…

Шминката на лицето треба да содржи:

Пудра: Прво нанесете подлога која ќе ги прекрие мозолчињата и црвенилото. Потоа со четка нанесете пудра во прав, која ќе му даде мат изглед на вашето лице.

Руменило: Со руменилото истакнете ги контурите на лицето. Нанесете го на јаболчниците кон средината на образот.

Нијансата на праска е идеална за фотографирање.

Веѓи: Ако веѓите ви се светли обавезно здебелете ги со моливче.

Сенка: Сенката за очи треба да биде дискретна, но дозволено е да биде малку светкава за вашите очи да заблескаат.

Бронзените тонови одговараат на сите бои очи.

Маскара: Ставете два слоја црна маската, но почекајте првиот слој да се исуши пред да нанесете следен.

А, сега најважното!

Очите фокусирајте ги малку над објективот на фотоапаратот, лицето поместете го малку нанапред, а брадата повлечете ја кон долу.

Јазикот ставете го зад забите и насмевнете се. На овој начин лицето ќе ви изгледа опуштено.

Држете ги рацете спуштени покрај телото, но не премногу залепени. За да изгледате природно, треба малку да се оделени од телото.

Тестирајте ја бојата на облеката со позадината и светлината.

Кога се сликате практикувајте класични пози. Телото насочете го за три четвртини кон фотоапаратот.

Едната нога пред другата и едното рамо поблиску до фотографот. Кога лицето ви е поблиску, телото изгледа широко.

Ако стоите вовлечете го стомакот и стегнете го задникот, повлечете ги раменатата наназад и исправете се.

Можете да ги погледнете и фотографиите од славните личности кои ви се допаѓаат и да пробате така да позирате.

Во секој случај придржувајте се кон овие трикови.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------