Home INFO Дали брадата ќе ве заштити или е поголем ризик за зараза од...

Дали брадата ќе ве заштити или е поголем ризик за зараза од Ковид-19?

реклама:Велигден со Стаф

Дали брадата го зголемува ризикот од зараза на Ковид -19 или не?

Ако не сте медицински работник и не морате да носите Н-95 маска, тогаш брадата во овој момент не ја зголемува опасноста од зараза.

Директорот на Медицинскиот центар во Бафало и шеф на инфективното одделение др. Томас Русо, вели дека “брадата може да претставува проблем за медицинските работници, бидејќи маската нема да им налегне убаво на лицето”.

” Секако, големите и густи бради се голем проблем, бидејќи ако не ја скратат маската нема да им налегне убаво на лицето и нема да им пружи ефективна заштита”, рекол тој.

За новиот вирус има многу нешта што во светски рамки се уште не се познати, но се верува дека преку капки се пренесува од човек на човек и тоа со кашлање или кивање,па ако сте многу блиску до некого би можел да ве зарази. А во тој случај сеедно е дали имате брада или не.

“Претпоставувам дека на брадата може да се задржи плунка или нешто слично, рекол доктор Русо.

Џон Сворцберг, професор од “Беркли”кој ги проучува заразните болести, вели дека се уште нема научни податоци за ризикот на брадата од коронаврусот. Но, додал тој, дека иако теоретски постојат такви шанси за зголемен ризик, сепак, не постојат научни докази”.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------