Познатиот кралски пар Меган Маркл и Хари започнаа ново поглавје од својот заеднички живот, далеку од нивните кралски должности.
Со откажувањето од должностите кои ги налага кралската палата, двојката мораше да се збогува и со својот официјален профил на Инстаграм.
Принцот Хари и Меган Маркл ја имаа последната објава на Инстаграм на нивниот профил „Сасекс Ројал“.
– Бидејќи сите ја наоѓаме улогата што треба да ја играме во ова глобално поместување и промена на навиките, ние се фокусираме во ова ново поглавје во наоѓањето начин како можеме најдобро да придонесеме – напиша двојката.
Според кралскиот репортер Омид Скоби, ова е последен пат Хари и Меган ќе објават содржина на профилот „Сасекс Ројал“, што исто така го означува крајот на нивната интернет-страница „Сасекс Ројал“.