Home ШОУ БИЗз Extra Exclusive Дали е ова крајот на Бака Прасе? Изгоре ресторанот на познатиот Јутјубер

Дали е ова крајот на Бака Прасе? Изгоре ресторанот на познатиот Јутјубер

реклама:Велигден со Стаф

Уште една несреќа го снајде познатиот Јутјубер Бака Прасе кога од непознат напаѓач кој фрлил молотов коктел изгоре неговиот ресторан во Нов Белград кој го отвори пред крајот на минатата година.

Дека се тргна наопаку во животот на Богдан (Бака Прасе) покажуваат и неговите проблеми со рестрикцијата и забраната на неговите Јутјуб канали од кој заработуваше и каде објавуваше свои видео влогови.

Да потсетиме Бака Прасе беше вмешан во повеќе скандали но најголемиот очигледно му стави крај на неговата Јутјуб кариера а беше поврзан со Жељко Митровиќ сопственикот на Телевизија Пинк со кого секојдневно објавуваа пикантерии еден за друг.

Тој се огласи преку социјалните мрежи и тврди дека во неговиот локал кој неодамна го отворил бил фрлен молотов коктел, кој предизвикал пожар.

„Штетата е огромна, пет дена сигурно нема да работи. Многу хејтери. Страшно. Некој фрлил нешто запалливо во текот на ноќта“, изјавил вработен во ресторан за српските медиуми.

Бака Прасе или Богдан Илиќ изјавил дека е пријавено во полиција и се трага по човекот кој го подметнал пожарот.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------