Home ШОУ БИЗз Extra Exclusive Обожавателка на Адел дошла да го прослави разводот, па ја расплака пејачката

Обожавателка на Адел дошла да го прослави разводот, па ја расплака пејачката

реклама:Велигден со Стаф

Дека во баладите на Адел се пронаоѓаат многумина покажува и фактот дека пејачката е сеуште на врвот во музичката сцена.

Иако вообичаено Адел е таа која успешно нѐ расплакува со нејзините стихови, нејзината обожавателка Ребека Феинглос од САД успеала да го направи спротивното – да ја расплаче Адел.

Оваа 33-годишна Американка неодамна се развела од сопругот по 6 години брак, нешто што успеала да го преживее благодарение на музиката на британската пејачка. Поради тоа, одлучила на некој начин да го прослави разводот, заедно со нејзините 13 пријателки, на еден концертите на Адел во Лас Вегас.

Ребека навистина се подготвила за концертот – си купила венче на кое пишувало „разведена девојка“ и зела транспарент на кој пишувало: „Ти ми помогна да го преживеам разводот“.

Адел ја приметила во публиката и била навистина трогната од нејзината порака.

„Знам сѐ за скршените срца. Навистина ме трогна тоа што си ги понела пријателките со тебе. Врските пропаѓаат, без разлика дали станува збор за брак или не, и тоа е тешко. Разделбите се трауматични“, изјавила Адел на концертот кога ја здогледала Ребека.

Во изјава за британскиот медиум „Метро“, Ребека раскажала дека било навистина неверојатно што Адел ја приметила и што ѝ посветила внимание.

„Не ми се верува дека тоа се случи. Целиот викенд во Лас Вегас беше како на филм“, изјави таа за „Метро“.

„Да се чуе тоа од Адел беше неверојатно. На крајот од концертот, кога сите ја поздравивме со стоечки овации и плачевме, Адел ни се приближи и ми кажа дека знае како сум се чувствувала и низ што сум поминала бидејќи и таа поминала низ тоа. Тоа беше неверојатен момент со мојата омилена пејачка“, додала Ребека.

Жената објаснила дека токму албумот „30“ на Адел ѝ помогнал во тој тежок период.

„Нејзиниот албум беше централен момент во мојот начин да ја канализирам болката. Уметноста навистина знае да допре до нас, а албумот ‘30’ ми покажа дека не сум сама“, објаснила обожавателката на Адел.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------