Home INFO Дали оваа постапка ќе ја разниша славата на Кендал Џенер?!

Дали оваа постапка ќе ја разниша славата на Кендал Џенер?!

реклама:

Нов скандал во семејството Кардашијан. Овој пат е вмешан и доберманот на реалити звездата.

Имено, Кендал Џенер и нејзиното момче, кошаркарот Бен Симонс биле на вечера во познат ресторан во придружба на нејзиното куче.

Во нивната близина седеле мајка и ќерка која доберманот ненадејно ја гризнал, пишува американскиот портал ТМЗ.

Како што пренесува ТМЗ, повредата не била голема и тешка, па персоналот му донел на девојчето малку мраз за да ја ублажи болката. Мајката на девојчето отишла да разговара со Кендал и Бен, но тие побегнале без да се извинат и без да остават телефонски број.
Поради овој потег таа одлучила да повика Итна помош и полиција, а во сето тоа се вклучила и контролата за животни.

Полицијата ги посетила Кендал и Бен кои живеат заедно во вила во Лос Анџелес, но се уште не се знае каква казна ќе добие и што ќе биде со нејзиното куче.

listen to momma

A post shared by Kendall (@kendalljenner) on

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------