Home INFO Дали пилешката супа навистина е лек за настинка или е само мит?

Дали пилешката супа навистина е лек за настинка или е само мит?

реклама:G Natural

Кога ќе започне кивавицата, многумина се колнат во чинија супа или некој билен чај. Дали навистина е лек за настинка?

Истражувањата покажуваат дека вкусот е клучен за лековитите својства на пилешката супа. Пациентите со болести на горниот респираторен тракт генерално јадат помалку или воопшто не јадат, бидејќи акутните болести предизвикуваат воспалителен одговор кој го намалува апетитот. И ако не јадеме, не ги добиваме хранливите материи што ни се потребни за да се опоравиме.

Д-р Колби Тиман, диететичар од Универзитетот во Дејтон, тврди дека она што и дава посебен вкус на пилешката супа е „умами“, петтата категорија на сензации на вкус, покрај слаткото, соленото, киселото и горчливото. Често се опишува дека има „месен“ вкус.

Како што истакнува д-р Тиман, целата приказна за пилешката супа има многу смисла, бидејќи амино киселините се градбени елементи на протеините, а аминокиселината глутамат се наоѓа во храната со вкус на „месо“. Сепак, не сите намирници кои со овој вкус се месо или живина, го имаат и сирењето, печурките, месото и соја сос.

Резултатите од истражувањето покажуваат дека умами вкусот на пилешката супа може да го поттикне апетитот. Учесниците во едно истражување изјавиле дека се чувствувале гладни по првата лажица супа.

Други истражувања сугерираат дека вкусот на месото го подобрува варењето на хранливите материи. Кога нашиот мозок ќе почувствува умами преку рецепторите за вкус на јазикот, телото го активира дигестивниот тракт за полесно да ги апсорбира протеините.

Ова автоматски влијае на намалување на гастроинтестиналните проблеми. Иако повеќето луѓе не ја поврзуваат инфекцијата на горниот респираторен тракт со стомачни проблеми, истражувањето покажа дека кај децата, вирусот на грип ја зголемува стомачната болка, гадење, повраќање и симптоми на дијареа.

Намалување на воспалението и затнат нос

Воспалението е природна реакција на телото на повреда или болест; воспаление се јавува кога белите крвни зрнца мигрираат во воспаленото ткиво за да помогнат во заздравувањето. Кога овој воспалителен процес ќе се појави во горниот респираторен тракт, резултира со настинка, проследена веднаш со затнат или течење на носот, кивање, кашлање.

Но, ако има помала активност на белите крвни зрнца во носот, ќе се создаде помало воспаление.

Интересно, истражувањата покажуваат дека пилешката супа всушност може да го намали бројот на бели крвни зрнца кои патуваат до воспаленото ткиво. Работи на тој начин што директно ја инхибира способноста на неутрофилите, еден вид бели крвни зрнца, да патуваат до воспаленото ткиво.

Клучни состојки

За вистински да ги разберете смирувачките и лековитите ефекти на пилешката супа, важно е да знаете кои состојки да ги користите.

Важно е да се користи пилешко кое му обезбедува на телото целосен извор на протеини за борба против инфекцијата. Зеленчукот обезбедува различни витамини, минерали и антиоксиданси. Тестенините се таму за да му дадат на телото јаглехидрати, кои се важни за енергија и побрзо закрепнување.

Ако додадете бибер и лук во супата, овие состојки ќе го омекнат слузот.

Самата супа е одличен електролит, што е многу важно ако настинката е проследена со температура.

Накратко, најновата наука сугерира дека пилешката супа, иако не е лек за настинки и грип, помага во лекувањето.

Се чини дека нашите постари се во право на крајот на краиштата.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------