Home INFO Денес е светски ден на радиото

Денес е светски ден на радиото

реклама:Велигден со Стаф

Денеска (13 февруари) во светот се одбележува Светскиот ден на радиото.

УНЕСКО го прогласи овој празник, за да го промовира радиото како медиум и сите можности кои ги нуди.

Милијарди луѓе од целиот свет и натаму секојдневно се приклучуваат на радио, а тоа и натаму го држи приматот како најбројна и најголема медиумска платформа.

Според УНЕСКО една од основните идеи е да подигне свеста за улогата на радиото во зближувањето на луѓето преку радио-брановите. Овој медиум подеднакво се следи и во најоддалечените делови од светот и во големите урбани средини, а слушателите зависат од радиото за дневни вести или забава. Радиото е единствената врска со светот за многу луѓе кои живеат во изолираните предели на светот.

Радиото е евтина и практична комуникациска алатка, а во изминатите години технологијата го прошири опфатот на радиото на смартфоните, таблетите и другите преносни уреди. Но, во носталгичните денови пред телевизијата и дигиталната револуција, радиото со децении било централен извор на информации.

Тоа било местото на кое луѓето се собирале да ги слушнат вестите и каде ги чекале омилените емисии. Ова продолжува да бииде случај со многу луѓе во светот.

Според УНЕСКО, како што радиото еволуира во дигиталната ера, тоа останува медиум со поголема публика на светско ниво отколку кој било друга медиумска форма. Тоа ги охрабрува луѓето, вклучително и младите, да се вклучат во дискусиите за темите кои ги засегнуваат. Тоа може да спаси животи во време на несреќи и природни непогоди, а им нуди на новинарите платформа да ги раскажат нивните приказни.

Photo/pixabay.com
РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------